Фудбал
Тиаго Силва го „пецна“ Пикси: Да анализираше малку подобро…
Бразилскиот фудбалер Тиаго Силва изјави дека селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ покажал непочитување кон нрговиот тим со своите изјави пред натпреварот на двете селекции на Светското првенство.
Ден пред натпреварот со Бразил, селекторот на Србија одговарајќи на новинарски прашања рече: „Ќе играат со четворица напаѓачи? Тогаш сме готови. Но, што е со одбраната“.
Бразил ја победи Србија со 2:0 во првото коло од групата Г на Светското првенство во Катар, а Силва ја коментираше изјавата на Стојковиќ по натпреварот.
#ThiagoSilva bacchetta Stojkovic: "Ha mancato di rispetto al #Brasile, deve informarsi meglio” https://t.co/RQHR9Eovi0
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) November 24, 2022
„Слушајте, нашата одбрана е многу добра. Нивниот тренер рече: „Ќе играат со четворица напаѓачи, дали ќе има одбрана“. Не е добро, тоа е недостаток на почит“, изјави капитенот на Бразил.
„Не бараме никој да се плаши од нас, само малку почит. Да го анализираше подобро нашиот тим, ќе видеше дека примаме малку голови, без разлика дали играме со три или четворица во нападот“, додаде Силва.
Фудбалерите на Бразил во понеделник ќе играат против Швајцарија во второто коло на Светското првенство во Катар.
„Мораме да останеме смирени, да правиме чекор по чекор, бидејќи има уште долг пат да се оди“, рече Силва.