Поврзи се со нас

Фудбал

Тијаго Мота: Среќен сум што добив признание од навивачите на ПСЖ

Париз, 10 ноември 2020 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Тијаго Мота реагираше на можноста да го предводи парискиот клуб.

  • Многу е ласкаво и пријатно што луѓето зборуваат за мене. Горд сум на тоа и се чувствувам среќен. Среќен сум што добив признание од навивачите на клубот во кој сум го поминал поголемиот дел од мојата кариера. Се надевам дека еден ден ќе успеам да ја вратам довербата искажана кон мене, изјави Мота за „RMC Sport“.

По завршувањето на својата играчка кариера во 2018 година, Мота успеа да работи како тренер на младинскиот тим на ПСЖ, а од октомври до декември минатата година беше на чело на главниот тим на Џенова. зс/

loading...

Facebook