Фудбал
Тим на сезоната во ЛШ: Го нема Роналдо…
УЕФА ги објави резултатите од гласањето на својот технички панел, а повторно е прогласен состав на сезоната, што значи список од 23 фудбалери кои покажале најмногу во текот на сезоната во ЛШ.
Идеален тим на сезоната во Лигата на шампионите:
Голмани: Тибо Куртоа (Реал), Едерсон (Манчестер Сити), Едуард Менди (Челзи)
Дефанзивци: Цезар Аспиликуета, Антонио Рудигер, Бен Чилвел (Челзи), Рубен Диас (Манчестер Сити), Давид Алаба (Баерн Минхен)
Среден ред: Маркињос (ПСЖ), Жоржињо, Мејсон Маунт, Н’Голо Канте (Челзи), Кевин Де Брујн, Илкај Гундоган, Фил Фоден (Манчестер Сити), Лукас, Серхио Оливеира (двајцата од Порто)
Напаѓачи: Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Килијан Мбапе, Нејмар (ПСЖ), Роберт Левандовски (Баерн Минхен), Карим Бензема (Реал), Лионел Меси (Барселона).