Фудбал
Тимот на Пандев има нов тренер (ФОТО)
Управата на ФК АП Брера Струмица за шеф на стручниот штаб го именуваше Бојан Круљ од Србија откако пред недела време спогодбено се разделија со италијанскиот стратег Валенти. Круљ има 36 години и е млад и перспективен тренер. Има искуство во работата со млади категории во белградски Вождовац и Синџелич а како асистент тренер во сениорски тимови има работени во српските прволигаши Инџија и Вождовац.
Бојан Круљ како шеф на стручниот штаб ја предводеше екипата на ИМТ од Белград со која оствари одлични резултати и влезе во бараж за пласман во Супер лигата на Србија каде денес настапува овој клуб, додека во Босна го предводеше тимот на Рудар од Приједор со кој на почетокот на оваа сезона направи одлична серија од 6 победи и две нарешени натпревари и го стави клубот на првото место во Првата лига на Република Српска.

