Фудбал
Тинејџер за нов договор со Барселона бара плата од 100.000 евра, но тоа нема да се случи
Младиот фудбалер на Барселона, 18-годишниот Илаиш Мориба се чини дека, ако не ова лето, следното ќе има нов клуб. Имено, во ситуација кога каталонскиот тим мака мачи со финансиите, поради кои и договорот на Меси не беше продолжен, тој побарал 100.000 евра неделна плата за да потпише нов договор кој му истекува следното лето. Наводно тој тоа го побарал преку својот агент. Но, такво нешто нема да добие со оглед на тоа дека во Барселона платите се кратат.
Тренерот на Барселона на вчерашната прес конференција беше запрашан за Мориба. Куман искрен во одговорот.
“Разговарав со него пред неколку недели повеќе како човек отколку тренер на Барселона. Тој е во ужасна ситуација. Тој е иднината на клубот и воопшто не тренира или игра со нас. Знам што може клубот да му понуди и мојот совет е дека парите не се најважни. Најважно е играњето. Сепак, тој и неговите агенти одлучија поинаку. Разочаран сум бидејќи повеќе верувам во фудбал отколку во договори. На 18 години, парите не смеат да бидат толку важни за вас“, рече тренерот на Барселона.