Фудбал
Тите: Не сакам „глумци“ во екипата
Бразилскиот селектор Тите, по вчерашното реми кажа дека не сака неговите играчи да симулираат.
Некогашните светски шампиони на синоќешниот натпревар покажаа разочарувачка игра и освоија само бод (1:1), иако многумина мислат дека Швајцарија стигна до гол по прекршокот во напад над Миранда.
„Миранда ми рече дека требаше да падне по корнерот, и тогаш судијата сигурно би досудил фаул. Јас му реков дека тоа не доаѓа во предвид и дека во мојата екипа не сакам „глумци“, кажа Тите.
Тите исто така кажа дека Роберто Фирмињо би можел да игра во нападот на местото на Габрил Хесус во наредниот натпревар, затоа што во кратко време покажал дека може да направи нешто повеќе од Хесус
„Постои можност нешто да промениме, но ќе видиме“, тврди Тите.