Фудбал
„Тоа е надвор од сите граници“ Се огласи ќерката на Пеле и испрати јасна порака: Не е вистина!
Ќерката на легендарниот Пеле се огласи и ги демантираше пишувањата на медиумите дека нејзиниот татко е префрлен на палијативна нега.
„Неправедно е луѓето да зборуваат дека Пеле е префрлен на палијативна нега. Тоа е надвор од сите граници. Верувајте ни, тоа не е вистина“, изјавила ќерката на Пеле, Флавија за бразилската телевизија „Глобо“.
За потсетување, Пеле (82) од вторникот е во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло каде прима антибиотици за респираторна инфекција. Тој беше опериран од тумор на дебелото црево минатиот септември и оттогаш е на хемотерапија.
Како што објавија некои медиуми, тој престанал да реагира на терапија и бил префрлен на палијативна нега.