Connect with us

Фудбал

„Тој беше сам и уморен од сè, сакаше да умре“

Легендата на светскиот фудбал Диего Марадона беше погребан денес во Буенос Аирес.

Марадона почина во средата на 60-годишна возраст, а неговиот менаџер и пријател Стефано Сеси тврди дека Диего бил уморен од сè и сакал да умре.

Тој му откри на Сеси дека Диего е многу несреќен и дека секогаш е сам.

„Отворена е истрага за смртта на Диего. Луѓето велат дека тоа можело да се спречи, но тоа е приказна што може да се менува до крајот на неговиот живот“, изјави Сеси за радиото „Кис Кис“ и продолжи:

„Диего беше секогаш сам. Луѓето мислеа на него само како Марадона. Диего престана да биде Диего кога наполни 17 години. Тешко го носеше товарот на славна личност. Тој беше чувствителен, несигурен, весел. Со него имам 20 години преубави спомени“.

Сеси тврди дека Марадона во последно време целосно се предал и дека повеќе не се грижел за животот.

„Тоа е како да се предаде, физички и психички. Мислам дека се умори и само дозволи смртта да си го направи своето. Тој не сакаше да живее. Никогаш не најде вистински мир поради семејниот хаос. И кога е мртов, тие и понатаму „корнат коси“ едни на други. Барем сега тој е со оние што најмногу ги сакаше, со своите родители. Диего најде мир“, рече Сеси.

Facebook