Connect with us

Фудбал

Тој би сакал да го сруши Камп Ноу: Доколку овој човек победи Барселона останува без култниот стадион

Кандидатот за претседател на Барселона, Агусти Бенедито, смета дека Барселона треба да изгради нов стадион.

Барса го користи „Камп Ноу“ од 1957 година, а Бенедито верува дека е време клубот да добие нов стадион и вети дека ќе стори сé за да се случи доколку ја добие довербата и стане нов претседател на клубот.

„Ако победам на изборите, ќе изградам нов стадион“, рече Бенедито и додаде:

“Разгледавме две опции. Првата е да се сруши Кам Ноу и да се изгради нов стадион токму таму. Тоа би значело дека тимот ќе мора да игра на Монтјуик во следните три години. Втората опција е да игра на Сант Жоан Деспи стадион. Овие предлози ќе одат на гласање во првата година од мандатот ако победиме на изборите “, рече Бенедето.

Архитектката Бенедета објасни дека реновирањето на Камп Ноу би било целосно бесмислено.

“Тешко е да се обноват структури стари 65-70 години. Прашањето е дали вреди да се направи затоа што не знаеме со какво изненадување може да се соочиме. Ако наидеме на проблеми, тоа значително ќе ги зголеми трошоците. Тоа се случи на англиските стадиони”, рече таа.

Изборите за претседател на Барселона се закажани на 24 јануари.