Фудбал
„Тој е еден од најталентираните фудбалери кои ги запознав, но длабоко ме разочара“
Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан денеска изјави дека беше приморан да ја напушти Рома откако челниците на клубот преговараа со многу клубови зад негов грб.
Фудбалерот на Интер одлучи да објасни дека немал намера да ја напушти Рома, но едноставно бил приморан да го направи тоа. Наинголан изјави дека челниците на клубот сакаа добро да профитираат на него и зад негов грб преговараа со клубови за кои тој никогаш не би настапувал.
Исто така, Наинголан го нападна претседателот на Рома, Џејмс Палота, кажувајќи дека тој не заслужиул да биде на тоа место затоа што неверојатно е претседател на таков клуб да доаѓа во Рим еднаш годишно. Сепак, Палота одлучи да возврати.
„Зборува како никогаш да не сум во просториите на Рома, но работам за доброто на клубот секој ден. Директорите на клубот често доаѓаат во Бостон каде што имаме состаноци и размислуваме за иднината. Го сакав Раџа и се грижев за него. Тој е еден од најталентираните луѓе во фудбалот, но ме разочара“ порача Палота.