Connect with us

Фудбал

Толку од Саудиска Арабија, Алиоски доаѓа во Серие А?!

Постои голема веројатност македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски да се врати во Европа, поточно во Серие А. Се чини дека неговиот престој во Саудиска Арабија заврши. Како што објавија италијанските медиуми за неговите услуги е заинтересиран тимот од Серие А, Верона. Засега нема ништо конкретно, само е најава за серозен интерес од италијанскиот тим, а наводно и Алиоски имал желба да игра во Серие А.

Пред да замине во Саудиска Арабија, Алиоски играше со успех во Лидс, претходно во Лугано и Шафхаузен, како и за младинците на Јанг Бојс.