Connect with us

Други спортови

Томче Ѓорговски од Делчево апсолутен шампион до 16 години на „Србија Опен 2022″

Томче Ѓорговски од Делчево е прогласен за апсолутен шампион до 16 години на „Србија Опен 2022″.

На натпреварувањето во Стрит лифтинг, чиј домаќин беше градот Ниш, 16-годишниот Ѓорговски освои седум медали од кои три златни, два сребрени и два бронзени, како и пехар за „најголем тотал” од 298,25 килограми и најјак „дипс” од плус 106,25 килограми.

-Стрит лифтингот е релативно нов спорт кој брзо се развива. Со него се занимавам една година. Почнав со street work out од октомври 2017, а со двата спорта се занимавам околу 4,5 години, рече Ѓорговски.

Ова е прв поголем успех за младиот спортисти од Делчево кој очекува уште подобри настапи во иднина.