Фудбал
Тони Паркер станува претседател на Лион?
Легендарниот кошаркар Тони Паркер би можел да стане новиот претседател на Лион.
Според „L’Euipe“, Паркер е заинтересиран од 2023 како претседател да го преземе францускиот гигант од контроверзниот Жан-Мишел Аулас.
Тони веќе работи интензивно со Лион. Тој е мнозински сопственик на кошаркарскиот тим Асвела од предградието на Лион, а фудбалскиот тим поседува 25 проценти од сопственоста на овој кошаркарски клуб.
Односите меѓу Паркер и Лион се навистина одлични. Никој не му пречи на легендарниот кошаркар да ја презеде функцијата претседател и тоа веројатно ќе се случи.
Аулас е на чело на Лион од 1987 година, но бидејќи има 71 година, тој полека се повлекува и треба да биде заменет од Паркер.