Connect with us

Фудбал

Топчиите блеснаа во второто полувреме, но во првото ги спаси судијата

Арсенал на последниот натпревар од 9. коло во Премиер лигата на свој терен го совлада Лестер со резултат од 3:1 во еден интересен натпревар во кој Топџиите покажаа две лица.

Во првиот дел од натпреварот, Лестер беше многу подобар тим и до заслуженото водство дојде во 31. минута кога Чилвел шутираше, а Белерин го смена правецот на топката и таа заврши во голот.

Десет минути пред тоа, Лестер требаше да добие пенал затоа што Роб Холдинг играше со рака во својот шеснаесетник. Иако судијата беше близу, не покажа на белата точка, а доколку покажеше со тоа ќе требаше и да го исклучи англискиот фудбалер кој претходно имаше жолт картон. Во тој случај Арсенал би бил во дупли проблем, но сепак се извлече и до крајот на натпреварот покажа игра на која се радуваа сите навивачите на овој клуб.

Кога се очекуваше крајот на првото полувреме, исклучително расположениот Озил по асистенцијата на Белерин погодува за 1:1 и најави што ќе се случува во второто полувреме.

Во 61. минута во игра влегува Обамејанг, кој по само две минути откако влезе во игра погоди за целосен пресврт на Арсенал. Веќе во 66. минута, повторно Обамејанг постигнува гол со кој ја круниса перфектната акција на Топчиите со која потсетија на најдобрите денови. Голот сигурно ќе влезе во потесниот избор за најдобар гол во 9. коло, а можеби и во целата сезона.

До крајот на натпреварот, Арсенал можеше да дојде и до уште по убедлив триумф но Лаказет се изнапромашува.

Арсенал со оваа победа стигна на четвртото место и има 21 бод колку и градскиот ривал Челзи. За Топчиите ова беше седма последователна победа во Премиер лигата, а десетта во сите натпреварувања.