Фудбал
Торес дури во последниот натпревар за Атлетико го оствари својот сон
Фернандо Торес ги запиша своите последни минути во дресот на Атлетико Мадрид, неговата клуб за кој навива уште од детството, и каде што помина вкупно 11 години.
Торес во 89. минута од натпреварот против Олимпик Марсеј во финалето на Лига Европа, го замени Габи и така ја почувствува сласта на големата победа (3:0), и освојувањето на трофејот.
Интересно е тоа што, на Торес ова му е првиот трофеј со Атлетико во својата кариера, иако на Висенте Калдерон, а потоа и на Ванда Метрополитано, помина повеќе од една деценија.
Фернандо Торес за Атлетико Мадрид одигра вкупно 344 натпревари и постигна 16 гола, а судбината сакаше да го оствари неговиот најголем сон на последниот натпревар за клубот. Се разбира, ако не го сметаме првото место во Сегунда во 2002 година, кога тој со Атлетико избори пласман во Примера.
„Освојувањето на Лига Европа со Атлетико ќе претставува за мене најдобар можен крај. Како дете сонував да освојувам трофеи со Атлетико, и ова е идеална можност да го остварам мојот сон“, изјави Торес пред натпреварот против Марсеј.
Торес ја заврши кариерата во Атлетико, и ќе замине како слободен играч, но останува да видиме кој ќе биде негова следна дестинација.