Торонто рекордер, не само во НБА лигата

Кошаркарите на Торонто ја совладаа Минесота ноќеска на домашен терен забележувајќи ја 15. победа во низа. Победничката низа е рекорд не само за Репторс во НБА лигата, туку и за сите екипи од Канада кои настапуваат во која било од северноамериканските лиги.

Претходниот рекорд со 14 последователни победи му припаѓаше на тимот на Калгари стампедерс во канадската фудбалска лига.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу понеделник и вторник:
Детроит – Шарлот 76:87
Индијана – Бруклин 105:106
Орландо – Атланта 135:126
Торонто – Минесота 137:126
Милвоки – Сакраменто 123:111
Далас – Јута 119:123
Денвер – Сан Антонио 127:120
Голден Стејт – Мајами 101:113
Лос Анџелес лејкерс 125:100.

Во Западната конференција води ЛА лејкерс со 40-12 (победи-порази), на Исток прв е Милвоки со биланс 46-7.