Кошарка
Тотален хаос во Реал: Двајца избркаа од тимот и им дојде крајот во Мадрид
Тотален хаос се случува во тимот на Реал Мадрид. Тренерот на кошаркарскиот клуб Мадрид, Пабло Ласо, одлучи да ги избрка од тимот Томас Хертел и Треј Томпкинс поради недисциплина.
Реал Мадрид вчера изненадувачки беше поразен на свој паркет од Баерн во 34. коло од Евролигата (97:88), а не е ни чудо што се случува во тимот, каде власта навистина го растура системот.
Тренерот Пабло Ласо реши да исфрли двајца кошаркари од тимот. Станува збор за Томас Хертел и Треј Томпкинс кои беа исфрлени пред мечот со Баерн поради недисциплина и најверојатно повеќе нема да играат за кралевите.
Ласо веќе ја известил управата на клубот да не смета на ова дуо. Соработката со Французинот Хеуртел ќе биде прекината, додека на Томпкинс ќе му истече договорот и нема да биде продолжен.
Францускиот кошаркар дојде во Реал Мадрид на почетокот на сезоната од најголемиот ривал, Барселона. Просечно постигнуваше девет поени по натпревар во Евролигата и нешто помалку од девет (8,6) во АЦБ лигата.
Познат е како многу намќор играч кој не сака да молчи пред властите, а тоа често го чинело и пари.
Крилниот центар Треј Томпкинс, пак, седум години е член на Реал. Со овој клуб освои се, но во последно време често беше физички неподготвен.
Ваквото неодговорно однесување доведе до негова суспензија, но и до одлука да не ја продолжи соработката со него.
Американецот оваа сезона има просек од пет поени по натпревар.