Connect with us

Фудбал

Тотална распродажба во Реал Мадрид, Модриќ и Марсело на излезна врата?

Шпанските медуими тврдат дека по завршувањето на сезоната ќе има тотална распродажба во Реал Мадрид. Наводно на листата се наоѓаат Герет Бејл, Хамес Родригес, Лукас Васкез, Мариано Диаз, но и Лука Модриќ и Марсело кои имаат посебен статус.

Наводно на двајцата им било соопштено дека нема да има никакви проблеми да најдат нов клуб, иако се уште се под договор.

Шпански „Ас“ наведува дека Реал ќе купува онолку колку што ќе продаде. Добрата вест за „Кралевите“ е тоа што „момчињата“ кои се на позајмциа се враќаат, како што се Ашраф Хакими од Борусија и Мартин Одегард од реал Сосиедад. Исто така од Севиља доаѓа Серхио Регулон, додека од Арсенал ќе се врати Дани Себаљос.