Connect with us

Фудбал

Тотенхем го победи Арсенал два пати по ред во Премиер лигата, првпат од 2010 година

Лондон, 6 декември 2020 (МИА) – Тотенхем вечерва го победи Арсенал со 2:0 во натпревар од 11. коло во Премиер лигата.

„Спарс“ втор пат по ред ги победија „топчиите“ во Премиер лигата (2:1 во 35. коло од сезоната 2019/20).

Ова е прв пат од 2010 година, кога Тотенхем, под водство на Хари Реднап, го победи Арсенал на Арсен Венгер два пати по ред во Премиер лигата (во април и ноември).

По овој триумф избраниците на Жозе Мурињо се лидери на табелата во Англиското фудбалско првенство со 24 бода, додека Арсенал е на 15. место со само 13 бода. зс/