Connect with us

Фудбал

Тотенхем го процени дуото на Јуве на 60 мил

Се очекува Тотенхем да биде доста активен на трансфер пазарот во текот на јануарскиот преоден рок. Менаџерот Антонио Конте инсистира на засилување на тимот и се чини дека претседателот на клубот – Даниел Леви е подготвен да го исполни барањето на Италијанецот. Две од големите трансфер цели на „мамузите“ се од Јувентус – тоа се Дејан Кулушевски и Вестон Мекени. Според Калчомеркато, лондонскиот клуб за двајцата подготвил 60 милиони.

Конте и спортскиот директор Фабио Паратичи добро ги знаат квалитетите на двајцата играчи и се уверени дека можат да ја подигнат класата на тимот. Затоа ќе направат се за да ги привлечат. Во исто време, Јувентус изгледа подготвен да се раздели со нив, бидејќи тие не се солидни стартери под водство на Масимилијано Алегри. Американецот одигра 10 натпревари како стартер и 3 како резерва во Серија А, но имаше и одредени дисциплински проблеми. Швеѓанецот на 4 натпревари беше стартер, а на 12 дојде од клупата за резерви.

На „бјанконерите“ им требаат средства за да имаат посериозен селекторски буџет. Можна разделба од Кулушевски и МекКени е доста веројатна. Секој од нив е проценет на приближно 30 милиони фунти, така што понудата на Тотенхем треба да ги задоволи тврдењата на клубот од Торино.