Connect with us

Фудбал

Тотенхем „падна“ на „Стемфорд Бриџ“, Челзи славеше во лондонското дерби

27. коло од англиската Премиер лига го донесе лондонското дерби на „Стемфорд Бриџ“. Челзи беше подобар и го совлада Тотенхем со 2:1.

Натпреварот започна со опасен удар од Лукас Моура, а Челзи возврати преку младиот Маунт. Мрежите, сепак, не се тресеа.

Сепак, во 15. минута Челзи го донесе водството. Оливие Жиру конечно се најде во почетниот состав на „Плавите“ и веднаш се оддолжи на Ламапдр.

Првиот обид на Жиру го одбрани Лорис, а потоа Баркли ја погоди стативата, но топката повторно дојде до Жиру кој имаше многу простор и погоди за 1:0.

Второто полувреме започна одлично за Челси, кој го зголеми резултатот на 2:0 во 48. минута.

Домашната екипа се пробиваше по десната страна, Баркли ја префрли топката лево, а Маркос Алонсо истрча и постигнувајќи убав гол.

Челси имаше неколку добри можности во финишот на мечот, а секако вреди да се спомне ситуацијата од 82. минута кога Маркос Алонсо шутираше повторно, но овојпат ја погоди пречката.

Тотенхем успеа само да го ублажи поразот по несмасна реакција и погодок на Рудигер во 90. минута.

2-1 остана до крајот, а сега Челси со нови три бода има четири повеќе од Тотенхем. Челси е четврти, а Тотенхем барем засега е петти на табелата.