Други спортови
Трагедија во Бразил: Од последици од коронавирус починала 14 годишна пливачка
14 годишната пливачка Маријана Френклин Фереира Силва, член на тимот АПАН Президент Пруденте, почина во саботата вечер. Таа беше хоспитализирана во Регионалната болница во Пруденте со симптоми на Ковид 19. Таа беше дел од тимот кој учествуваше на Националниот турнир во Сантос, на 9 и 10 овој месец. Таму, Маријана исплива три трки, 50 100 и 200 метри слободно. Веднаш потоа почуствувала болки во телото и главата, по што побарала лекарска помош. Симптомите се зголемувале, а вечерта во саботата имала два потешки напади на дишните органи, поради што била ставена на респиратор. За жал нејзиното тело не ги издржало нападите, јавуваат локалните бразилски медиуми.
