Connect with us

Тајмаут

Трагедија во Франција: Навивач на Нант избоден до смрт во грб

Навивач на Нант им подлегна на повредите ноќта меѓу саботата и неделата, откако неколку часа претходно беше избоден со нож во напад од приврзаници на Ница пред почетокот на 14. коло од Лига 1, соопшти клубот од Бретања.

Трагедијата се случила кога група навивачи на Нант нападнале од заседа конвој возила во кои навивачите на Ница се движеле кон стадионот „Божоар“.

Во метежот биле искршени стаклата на автомобилот, а се случило и еден домашен навивач, член на групата „Бригада Лоара“ за жал смртно да биде прободен со нож во грб.

Неговите пријатели во најкраток можен рок го донеле во локалната болница, каде несреќниот 31-годишник бил веднаш опериран, но тој по неколку часа им подлегнал на повредите.

„ Л’Екип“ наведува дека истрагата е во тек и дека многу лица се уапсени. Во текот на ноќта беа испрашувани сведоци.

Ако е воопшто важно, Нант ја победи Ница со 1-0 и ги остави гостите втори на табелата во Лига 1, со бод зад ПСЖ.

Advertisement