Connect with us

Фудбал

Трагедија во Португалија: Почина млад фудбалер кој имаше срцев удар за време на натпревар

Португалската фудбалска јавност е во шок откако почина млад фудбалер откако доживеа срцев удар за време на фудбалски натпревар. 24-годишниот Алекс Аполинарио почина во болница неколку дена откако имаше инфаркт за време на меч од третата лига во Португалија.

Младиот Бразилец паднал на теренот во 27-та минута од средбата меѓу неговата екипа, Алверка, и Униао Алмерим, а останатите играчи и лекарите на двете екипи се обиделе да му помогнат. Екипа на Брзата помош пристигнала и го реанимирала фудбалерот, по што тој четири дена се бореше за живот во вештачки предизвикана кома, пред да ја загуби борбата денеска, како што соопшти клубот.