Connect with us

Фудбал

Трагедија во Штутгарт по мечот со Херта: На стадионот почина таткото на капитенот

Штутгарт денеска ја совлада Херта со 2:1 во мечот од 15. коло во германската Бундеслига, а на крајот од мечот капитенот на домаќините дознал навистина лоши вести.

Победата на Штутгарт беше засенета од трагичната вест која го затекна капитенот на екипата Кристијан Гентнер.

Нему му било јавено дека неговиот татко починал и тоа на стадионот по самото завршување на мечот.

-Штутгарт во овие тешки моменти, во мислите е со семејството Гентнер, соопшти клубот.

Токму Кристијан Гентнер асистираше за победничкиот гол против Херта.