Connect with us

Фудбал

Трагедија во Србија, почина 49-годишен фудбалски тренер

Золтан Сабо, тренер на српскиот прволигаш ТСЦ почина на 49 годишна возраст. Тажната вест за српските медиуми ја потврдиле од самиот клуб. Причините за неговата смрт засега не се познати.

Золтан Сабо од 2017 година е тренер на екипата на ТСЦ од Бачка Топола со која минатата сезона заврши на четвртото место во српската Суперлига и обезбеди пласман во квлаификациите за Лигата на Европа каде испадна по неверојатниот натпревар со Стеауа кој заврши 6:6.

Сабо професионалната кариера има настапувано за Хајдук Кула, Војводина, Партизан, Сувон, Фукуиока, Залаегерсег, АЕК.