Connect with us

Фудбал

Трајковски: Ќе ја израдуваме Македонија давајќи го нашиот максимум против Италија

Нашиот репрезентативец кој неколку години беше во Палермо, сега повторно се враќа на теренот, но овој пат како дел од националниот тим на Македонија.

„Кога слушнав дека ќе се игра таму бев многу среќен, затоа што поминав многу убави 4 години во тој клуб и град. За цела Македонија знаеме колку е важен овој натпревар, верувам во нашиот тим дека ќе ја израдуваме Македонија и ќе го дадеме нашиот максимум“, изјави Александар Трајковски на два дена пред натпреварот против Италија.

Тој додава дека често неговите пријатели и колеги му пишуваат што се враќа повторно.

„Сите знаеме дека не е добро да го потцените противникот. Но сакам Италија да не потцени и потоа да разберат колку згрешиле“, заклучи Трајковски.