Фудбал
Трансферите на Барселона, за „нула“ доаѓаат, но за „нула“ заминуваат!
Барселона има финансиски проблеми и затоа мора да размислува за ангажирање на слободни играчи.
Каталонските медиуми денеска истакнуваат дека Цезар Аспиликуета и Андреас Кристенсен секој ден се чекор поблиску до Барселона. Дури и нивните пристигнувања се поврзани, бидејќи и двајцата со нетрпение чекаат да дојдат во исто време, бидејќи имаат одлична соработка во Челзи.
Аспиликуета се уште не одговорил на понудата на Челзи кој му нуди едногодишен договор, а Барса 2 + 1, но на Шпанецот нешто друго му е многу поважно. Неговата желба е да се врати во татковината, 10 години е во Челзи, неговата ера е при крај, а тоа не можеше да го направи на подобар начин, со освојување на Светското клупско првенство, со што стана прв играч во клупската историја да ги освои сите можни трофеи.
За разлика од него, Кристенсен е незадоволен и од финансиската понуда на Челзи, бидејќи смета дека клубот не го цени доволно. Данецот смени агенти, тоа го прават играчите кога сакаат да ја сменат средината. Барса е во контакт со нив подолго време, а на Данеецот му се допаѓа проектот на Чави и тоа што тренерот лично го повикал да му ги претстави плановите за наредните години.
Тоа не е крајот, бидејќи некои извори повторно пишуваат дека по истекот на договорот со Милан би можел да дојде и Френк Кејси. И ова не е нова тема, но веста е дека Барса испрати јасна порака дека нема да влезе во војна за да потпише со кревање понуда во однос на другите клубови. Барса не сака да биде дел од аукцијата, верува дека нејзината големина и проект се доволно привлечни за Кеси и тој став нема да се промени.
Аспиликуета, Кристенсен и Кеси звучат како совршен преоден рок.
Што се однесува до заминувањата на „нула“, извесно е дека како слободни играчи ќе си заминат Серхи Роберто и Осман Дембеле. Иако е удар за Барса бидејќи нема да заработи, исто така ќе заштеди многу. Дембеле и Роберто се меѓу најплатените играчи со плати од 12 и 10 милиони нето по сезона. За споредба, Фати, Педри, Торес, Депај и Обамејанг – никој нема плата поголема од пет милиони годишно.