Фудбал
Траоре за споредувањето со ѕвездата на Манчестер Сити: Не сум јас како него, туку тој е како мене
Адама Траоре е во групата играчи кои „експлодираа“ во англискиот Премиер лигата оваа сезона.
Квалитетот на шпанскиот фубалер оваа сезона дојде до израз откако се бореше по пристигнувањето на Островот. Овој 24-годишник има постигнато шест гола и постигна десет асистенции.
На прашањето кој фудбалер најмногу личи на Траоре, тој се споредува со Рахем Стерлинг и Вилфред Зах, потенцирајќи дека тие повеќе личат на него отколку што им одговара.
„Можеби Заха и Стерлин. Но, јас не сум како нив. Тие се повеќе како мене“, рече фудбалерот кој излезе од школата на Барселона, Ла Масија, кој има светла иднина.
Како врв на неговата кариера, тој го одбра моментот кога го направи своето деби во дресот на Барселона. Тогаш влезе во игра наместо Нејмар.
„Мојот прв натпревар за Барселона. Игравме против Гранада и јас влегов наместо Нејмар. Тоа беше моето деби во професионалниот фудбал“, рече Траоре.