Connect with us

Фудбал

Тренерот на Карабах: Играме само еден меч, мора да бидеме внимателни со Силекс

На прес конференцијата одржана денеска, тренерот на Карабах рече дека Силекс сака да игра со топка, додавајќи дека се игра само еден меч и треба да се биде внимателен.

„Го пратевме Силекс на последните два меча во шампионатот. Сака да игра со топка. Не знаеме како ќе играат во Баку и какво изненадување ни имаат подготвено. Играме само еден меч, мора да бидеме внимателни. Празните трибини се хендикеп, вообичаено имаме поддршка од 25.000 навивачи. Мора добро да ги затвориме квалитетните индивидуалци на Силекс“, изјави тренерот на Карабах.

Екипата на Силекс пристигна во Азербеџан и по краток одмор, попладнево ќе го одработи и првиот тренинг.

ФОТО: Силекс пристигна во Баку по изненадување

loading...

Претставникот на Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите, Силекс, пристигна во Азербејџан. Ќе го игра натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Македонскиот претставник во ЛШ ќе се соочи со Карабах кој на хартија е огромен фаворит.

Натпреварот се игра утре попладне (вторник) со почеток од 18:00 часот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com