Connect with us

Фудбал

Тренерот на Лајпциг „скромен“: Моето засилување од соништата е КР7

Јулијан Нагелсман прави навистина убави работи со германскиот тим Лајпциг. Освен што сезонава во ЛШ го совлада со 3:2 Манчестер Јунајтед и го елиминираше од елитното натпреварување, откако влегоа во Бундеслигата постојано се на самиот врв.

Во разговор за германските Нагелсман откри кое е неговото засилување од соништата.

-КР7 е вистински професионалец, посветен е на работата, а Сами Кедира ми рече дека е многу љубезен и скромен дечко“, истакна Нагелсман.

Нагелсман е еден од најмладите тренери, има само 33 години и одлично ја работи својата работа, а интересно е тоа што е дури помлад од Кристијано Роналдо, кој има 35 години.