Кошарка
Тренерот на Лејкерс ги критикуваше одлуките на судиите
Орландо, 10 октомври 2020 (МИА) – Селекторот на Лос Анџелес Лејкерс, Френк Вогел, го искажа своето разочарување од одлуките на судиите на крајот од мечот бр. 5 меѓу „езерџиите“ и Мајами Хит.
Стручњакот истакна две грешки на судиите во последната минута од натпреварот, кои последователно му донесоа четири поени од пенал линијата на Мајами преку Џими Батлер.
– Тежок пораз, бевме многу близу до успехот. Мислам дека судиите направија грешка двапати на крајот кога свиреа фаули во корист на Батлер. Штета што ова се случува во натпревар од такво значење. Ентони Дејвис имаше совршена вертикалност во неговиот скок, не гледам како тоа е фаул. Во претходната ситуација, Маркиф Морис ја зеде топката чисто, ниту ова не требаше да биде фаул. Тие добија четири удари од пенал, што ја направија битката многу тешка за нас. Јас сум крајно разочаран од тоа, прокоментира Вогел на прес-конференцијата по натпреварот.