Connect with us

Кошарка

Тренерот на Пелистер разочаран: Мал дефокус донесе пораз

Дарко Радуловиќ, тренерот на Пелистер имаше свој коментр го загубеното финале против МЗТ Скопје Аеродром.

„Му честитам на МЗТ Скопје, мислам дека речиси цел натпревар имавме контрола над играта и бевме подобра екипа. Во вториот дел имавме мал пад, но како што кажува резултатот се играше на мал број поени.

На крајот, се се сведе на само една топка, во напад во кој се договоривме да правиме лична грешка. И не знам како не успеавме да направиме бидејќи имавме уште еден ‘мал’ фаул. Претпоставувам дека тоа ќе донесеше продолжение и можеби поинаков исход на мечот. Немам замерки на играчите кои беа подготвени да се борат и да се натпреваруваат. Ете, мал дефокус донесе пораз“ – изјави Радуловиќ.