Connect with us

Фудбал

Тренерот на ПСЖ е лут на навивачите на својот поранешен клуб: „Ја навредувате мојата мајка која има рак“

ПСЖ победи со 2:0 на гостувањето во Ница со головите на Лионел Меси и Серхио Рамос, а тој меч беше враќањето на тренерот на ПСЖ Кристоф Галтие на стадионот на клубот кој го водеше минатата сезона.

Навивачите на Ница не му простија на Галтие што си замина во ПСЖ минатата година и жестоко го навредуваа со песни и транспаренти. По натпреварот Галтие ги загуби нервите и отиде на трибината на најжестоките локални навивачи покажувајќи им палец нагоре.

„Зошто реагирав бурно? Дали видовте? Слушнавте? Мојата мајка има 83 години и боледува од рак, а тие ја навредуваат“, рече Галтие и продолжи:

„Овие луѓе на трибините ја гледаат Ница во европските натпреварувања и тоа е благодарение на мојата работа. Што и да мислат луѓето, тоа е благодарение на мене и на сегашниот тренер“.