Connect with us

Фудбал

Тренерот на Шалке се извинуваше на македонскиот фудбалер, го пушти во игра, па го извади по 18 минути!

Македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов доживеа несекојдневен момент во дресот на Шалке против Регенсбург. Неговиот тим преку пресврт победи со 2:1, а Чурлинов во игра влезе во 62-та минута, но тренерот одлучи да го извади во 80-тата.

Тренерот на германскиот гигант Шалке, Димитриос Грамозис јавно му се извини.

„Сакам да му се извинам на Дарко. Знам колку лошо е експресно да бидете заменети откако ќе влезете во игра, но сето тоа беше само со една цел – тимскиот успех, рекол Грамозис.

Чурлинов многу мирно ја прифати замената и ладнокрвно го напушти теренот откако тренерот реши наместо него да го стави Флоријан Флик .