Фудбал
Тренерска дисертација на Чави: Со два клучни потези го сврте мечот со ПСЖ
Барселона синоќа го победи ПСЖ во Париз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите со резултат 3:2, а голема заслуга за овој успех има тренерот на Каталонците, Чави. Првото полувреме беше одлично за Барселона, која тактички одигра зрело. Таа ги неутрализираше нападите на ПСЖ, а на крајот ги искористи своите шанси со голот на Рафиња. Сепак, за само шест минути игра во продолжението на мечот, ПСЖ направи голем пресврт со головите на Дембеле и Витиња.
И кога многумина очекуваа дека Барселона нема да може да се врати, следуваа одлични тренерски одлуки на Чави, кои започнаа во 61. минута со промени во кои Јамал и Роберто ја напуштија играта, а влегоа Жоао Феликс и Педри. Токму Педри минута подоцна брилијантно му асистираше на Рафиња, кој синоќа беше расположен за ново изедначување во натпреварот (2:2).
Сепак, Барселона не застана тука. Чави прави нова двојна замена во 75. минута. Излегоа Де Јонг и Рафиња, а влегоа Кристенсен и Торес. По добро испробан рецепт, Кристенстен сега се прослави, постигнувајќи по две минути погодок за 3:2 за Барселона. Чави дефинитивно го положи испитот, а нов предизвик го чека веќе во вторник кога се игра реваншот на овие екипи во Барселона.