Connect with us

Фудбал

Тренерското столче за Конте

Веднаш по елиминацијата на Интер во групната фаза од Лигата на шампиони, италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека “нероазурите” сакаат да ја прекинат соработката со шефот на стручниот штаб, Лучијано Спалети.

Трофејниот стручњак е посочен како главен виновник за елиминацијата во Лигата на шампиони, а според италијанските медиуми, раководните лица на Интер веќе оствариле контакт со поранешниот тренер на Јувентус, Антонио Конте. Во игра за тренерското столче е и актуелниот предводник на Фиорентина, Пауло Соса.