Connect with us

Фудбал

Тренингот на Ливерпул беше откажан поради нови инфекции со Ковид-19

Денешниот тренинг на Ливерпул кој требаше да се одржи во 16 часот по локално време е откажан. Причина за ова се новите позитивни тестови за коронавирус во таборот на „црвените“.

Јирген Клоп, Алисон Бекер, Џоел Матип и Роберто Фирмино, како и уште тројца вработени во клубот во моментов се изолирани. Наби Кеита, Садио Мане и Мохамед Салах се надвор од сметките за Ливерпул откако тројцата заминаа на учество на турнирот на Африканскиот куп на нации. Тиаго Алкантара, Дивок Ориги и Такуми Минамино и понатаму имаат здравствени проблеми.

Ситуацијата ги доведува во прашање следните два натпревари на Ливерпул и тоа против Арсенал за Карабао купот и Шрусбери за ФА Купот кои се закажани за 6 и 9 јануари.