Фудбал
Тргедија на мечот Динамо Загреб-Севиља
Тажната вест дојде од „Максимир“ по натпреварот меѓу Динамо и Севиља (1-0). Еден навивач од јужната трибина почина откако му се слоши на почетокот на натпреварот. Информацијата ја потврдија од Динамо.
„Со почетокот на натпреварот Динамо-Севиља, на јужната трибина дојде до ситуација каде на еден навивач му се слоши и изгуби свест. Со брза интервенција на медицинската сестра и полицајците во близина, му беше укажана прва помош. Веднаш лекарска екипа пристигна и го презеде лекувањето, но според информациите со кои располагаме господинот починал во болница“, соопшти Динамо.
„Клубот изразува искрено и најдлабоко сочувство до семејството и пријателите за овој трагичен и тажен настан“, додаваат тие.
Како што неофицијално дознаваме, станува збор за господин роден 1958 година.