Фудбал
Тргнал на собир на репрезентацијата, па доживеа тешка сообраќајна несреќа, чудо е како ѕвездата на Ајакс остана жив (ВИДЕО)
Камерунскиот голман Андре Онана утрово доживеа страшна сообраќајна несреќа. Голманот на Ајакс пред неколку дена отпатува за Камерун на собир на репрезентацијата пред натпреварите против селекцијата на Алжир, но доживеа тешка сообраќајна несреќа. Камерунските медиуми објавија дека Онана бил на пат од Јаунде до Дуала за да се приклучи на националниот тим, но кога задоцнил на собирот, многумина сфатиле дека нешто не е во ред.
Набргу потоа се појави вест дека 25-годишниот голман доживеал тешка сообраќајна несреќа.
Полицијата потврди дека Онана учествувал во оваа несреќа, а фотографиите изгледаат навистина страшно.
Треба да се додаде дека во оваа сообраќајна несреќа никој не е тешко повреден, што е најважно. По полициската истрага ќе се знае како дошло до несреќата.
🎥 Thank God, Andre Onana is fine after accident involvement.
— King Eben (@King__Eben) March 22, 2022