Connect with us

Фудбал

Тргнува изградбата на уште еден стадион од 100 милиони евра, но не во Германија, Италија, Шпанија, туку…

Југоисточна Европа ќе добие уште еден модерен стадион. Станува збор за стадионот „Динамо Арена“ на Динамо Букурешт и ќе има капацитет од 25.000 седишта. Земајќи ја предвид целата инфраструктура со придружните објекти, тој ќе биде најскапиот стадион во земјава, а неговата изградба се проценува на 100 милиони евра.

Покрај модерниот изглед и исполнувањето на сите стандарди на УЕФА, околу стадионот ќе се гради нов парк, потоа се планира паркинг, трговски центар, како и помошен терен, со што Динамо ќе добие комплетен фудбалски и спортски центар.

Изградбата треба да заврши до летото 2025 година.

На Динамо не му оди оваа сезона, му се заканува испаѓање во Лига 2, но резултатите нема многу да влијаат на новиот инфраструктурен план.

Целта е романската репрезентација дел од натпреварите да ги одигра на стадионот, но и стадионот да биде домаќин на некои важни натпревари во Романија, како финалето на Купот или финалето на Суперкупот.

По Националната арена во Букурешт, новиот стадион Клуж, Романија ќе добие уште еден модерен стадион, кој ќе биде чекор понапред од сите во оваа работа кога е во прашање овој дел од Европа.

Реклама

Facebook