Connect with us

Фудбал

Три големи судиски грешки кои влијаеле на резултатот го одбележале дербито Милан-Јувентус

Јувентус го совлада Милан со 3:1 како гостин со што им го нанесе првиот пораз оваа сезона, но и прв по 28 мечеви во Серие А. Мечот се одигра без неколку играчи на двете страни, што поради повреда, што поради коронавирус. Но, самиот натпревар беше доста возбудлив.

Угледната „Газета дело Спорт“ во својата анализа тврди дека главниот судија Масимилиано Ирати направил три големи грешки кои директно влијаеле на резултатот.

Првата грешка е што не го поништил погодокот на Калабрија за 1:1, бидејќи на почетокот на оваа акција Хакан Чалханоглу направил очигледен фаул над Рабио. Скај Спорт Италија објави дека судијата по голот разговарал со Даниеле Орсато кој бил во ВАР собата и тие одлучиле голот да биде признаен. Наводно Орсато ја поддржал одлуката на својот колега бидејќи сметал дека тој не направил очигледна грешка и дека голот може да биде признаен.

Потоа, Ирати не покажа втор жолт картон на Бентакур при резултат 1:1, а малку потоа Киеза постигна гол за водство на Јувентус од 2:1.

И, на крајот, „Газета дело Спорт“ смета дека Ирати морал да досуди пенал за Милан во судиското продолжение по стартот на Рабио над Диаз. Ова се значи три крупни греши кои го одбележале големото дерби, но впечатокот сепак е дека покрај се, Јувентус синоќа заслужено славеше над Милан, за кого не играа Ибрахимовиќ, Ребиќ, Бенасер, Круниќ, Тонали…