Фудбал
Три големи ѕвезди на „радарот“ на Гвардиола, една сигурно ќе дојде во Сити?!
Во изјава за ТV FIVE, познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо потврди дека на листата на желби на Гвардиола се три големи имиња: Роберт Левандовски, Ерлинг Халанд и Хари Кејн.
“Манчестер Сити го сака Кејн. Пеп Гвардиола е повеќе од заљубен во него. Сигурен сум дека повторно ќе се обиде да ги добие Кејн, Ерлинг Халанд или Роберт Левандовски. Тој ќе се обиде да купи еден од тие тројца напаѓачи ова лето”, изјави Романо. .
Купувањето на Кејн од Тотенхем веќе се покажа како комплицирано за Манчестер Сити бидејќи лондонскиот тим не го пушта, додека трансферот на Халанд само изгледа малку полесен.
Теоретски, за него треба да платат само клаузула од 75 милиони евра, но интерес има од сите големи клубови како Реал Мадрид, Барселона и Баерн, па цената на аукцијата за него сигурно вртоглаво ќе порасне.
Што се однесува до Роберт Левандовски, дуото веќе имаше шанса за соработка кога Гвардиола го предводеше Баерн.
Роберт Левандовски му се приклучи на Баерн доаѓајќи од Борусија една година откако Пеп Гвардиола ја презеде тренерската функција. Тие работеа заедно две години. Левандовски и Гвардиола заедно освоија две шампионски титули на Германија и еден национален куп.
Шпанецот во 2016 година реши да ја промени средината и да се вработи во Манчестер Сити, каде што работи и денес. Гледајќи го составот на Граѓаните, може да се забележи дека освен неефикасниот Габриел Жесус, тренерот на оваа екипа нема ниту еден центарфор, па јасно е дека на Сити му е потребен расен напаѓач.