Connect with us

Други спортови

Три медали за македонските каратисти на Медитеранските игри

Два сребрени и еден бронзен медал освоија македонските претставници по првиот ден на Медитеранското првенство во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција во екипна и поединечна конкуренција, кое овој викенд се одржува во тунискиот град Радес.

Со сребрени одличја се закитија Бесрат Мемети во категоријата до 55 килограми и Андреј Басаров во категорија над 76 килограми, додека бронза освои Или Билјали во категоријата до 68 килограми.

Во конкуренција на 447 каратисти од 19 држави, македонската репрезентација брои 22 натпреварувачи, од кои 21 во борби и една натпреварувачка во кати, а екипно ќе настапат и четири екипи, од кои две во јуниорска и две во сениорска конкуренција во обете конкуренции. Репрезентацијата ја предводат селекторите Александар Кузмановски во борби и Берат Јакупи во кати.

На маргините на Медитеранското првенство членот на Извршниот одбор и потпретседател на Карате федерацијата на Македонија (КФМ), Бесник Мурати, е избран за член на Извршниот комитет на Медитеранската карате федерација со мандат од четири години.