Connect with us

Фудбал

Три причини зошто дојде до прекин помеѓу К.Роналдо и Мендеш

Светските медиуми пишуваат за последиците од прекинот на соработката меѓу Кристијано Роналдо и еден од најмоќните агенти во светот, Жорге Мендеш.

 

Наводно, минатото лето кога Кристијано Роналдо решил дека сака да го напушти Манчестер Јунајтед побарал од Мендеш да му најде нов клуб. Познатиот агент на славниот фудбалер му дал листа од 30 клубови за да избере каде сака да ја продолжи кариерата, но на крајот не бил постигнат договор.

Оваа вест прв ја објави португалскиот новинар на CNN Бруно Андраде на своите социјални мрежи.

Кристијано Роналдо најпрвин избра три од списокот од 30 клубови и му ги довери преговорите на Мендеш. Сепак, агентот не беше успешен во преговорите со овие клубови. После тоа, фудбалерот избра уште пет клуба, но преговорите со нив исто така беа неуспешни.

Не се споменуваат имињата на клубовите, ниту се кажува зошто пропаднале преговорите, поради преголемите барања на играчите или нешто друго, но после тоа почнале да се влошуваат односите меѓу Мандеш и Роналдо. Рикардо Регуфе, пријател и десна рака на фудбалерот кој преговараше со Саудиска Ал-Наср, постепено почна да ја презема главната улога во управувањето со работите на Роналдо.

Кристијано Роналдо во ноември го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и моментално е слободен агент.