Connect with us

Фудбал

Три тима, се борат за две места: Сите комбинации за пласман во ЛШ од Серија А

Освен Интер, во ЛШ ќе игра и Аталанта, додека за останатите две места ќе се борат Милан, Наполи и Јувентус.

Во пресрет на последните 90 минути во сезоната, третото место го држи Милан, но „Росонерите“ ќе ја имаат најтешката задача од сите екипи бидејќи гостуваат кај одличната Аталанта. Јувентус гостува кај Болоња, а Наполи ја дочекува Верона. Сите мечеви почнуваат од 20:45.

Милан и Наполи го држат третото и четвртото место со по 76 бода, додека Јувентус е петти со 75 бода и „Бјанконерите“ се во најтешка позиција.

Милан ќе оди во ЛШ ако победи. До елитата може и со реми со тоа што треба Јуве и Наполи да не победат. На „Росонерите“ им одговара и пораз, но Јувентус да не победи или Наполи да загуби.

Наполи ќе оди во ЛШ ако победи. Им одговара и реми, но да не победи Јувентус, или Милан да загуби. Може и со бод до ЛШ, но само ако Милан не победи против Аталанта.

Јувентус оди во Лигата на шампионите само во случај на победа, но и Милан и Наполи да не запишат триумфи. На „Старата дама“ би и одговарал и бод, но тогаш Наполи би морал да загуби дури девет гола разлика од Верона, но и Милан да загуби од Аталанта.

Во Лигата на Европа сигурен пласман има Лацио, додека за Конференциската лига ќе се борат Рома и Сасуоло. „Волчицата“ има два бода предност и не смее да загуби од Специја на гостински терен, додека Сасуоло го пречекува Лацио и му треба победа.