Connect with us

Други спортови

Трка каква што не сте виделе, заостануваше неколку метри, а потоа неверојатен спринт, каков финиш (ВИДЕО)

Холандија на речиси неверојатен начин го освои златниот медал во дисциплината 4×400 метри за жени на Светското првенство во атлетика во Будимпешта. Цело време Холанѓанките заостануваа, но на крајот благодарение на одличната Фемке Бол (21), воедно и нова светска шампионка во дисциплината 400 метри со пречки, успеаја да го освојат првиот златен медал во својата историја.


Уште повеќе, првиот медал во ваков тип на штафета! На крајот, Холанѓанките ја истрчаа трката за 3 минути, 20 секунди и 72 стотинки, а едноставно е неверојатно како Фемке Бол ги „остави во прашина“ своите ривалки од Јамајка (Стејси-Ен Вилијамс) и Велика Британија (Никол Јергин ). Претходните три Холанѓанки и оставија многу тешка задача, но благодарение на страшната завршница успеа да се пробие од третата позиција на првата.