Connect with us

Фудбал

Тројца играчи од средниот ред на Бундеслигата се на радарот на Барса

Раководството на Барселона ги прави сите можни обиди да го засили тимот за следната сезона. Каталонците се во незавидна финансиска ситуација и ќе настојуваат да привлечат претежно слободни играчи.

На „Камп Ноу“ се насочени тројца играчи од средниот ред во Бундеслигата. Заедничко им е тоа што договорите им истекуваат на крајот од сезоната.

Барса е заинтересирана за Корентин Толисо од Баерн, Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах и Аксел Витсел од Борусија Дортмунд, според RAC1.

Сепак, проблем за Каталонците е фактот што интерес за тројцата за кои станува збор пројавуваат голем број други европски великани.