Тајмаут
Цел свет слушна за него: Кој е човекот кој на урнебесен начин ги изговара имињата на клубовите? (ВИДЕО)
Акваси Боади е името на човекот кој цел свет го запозна за урнебесниот изговор на имињата на фудбалските клубови од Гана.
Неговиот изговор на клупски имиња го воодушеви целиот свет, иако буквално ги масакрираше имињата на сите тимови што некогаш ги прочитал.
А кој е точно Акваси Боади?
Акваси е познат актер, комичар и водител од Гана, а кај народот е познат како Акробето (човекот со голем нос).
Ова е човек кој е многу популарен во Гана. Глумата и комедијата се она што го прави препознатлив и многу почитуван во оваа земја.
Моментално работи како водител на телевизиското шоу „The Real News“, а тука започна неговата светска популарност поради изговорите на клубовите и играчите.
Тој го привлече вниманието на многу познати клубови, а Патрис Евра се пошегува и го нарече вујко на Н’Гола Канте.
Акробето ја доби наградата забавна личност на годината во својата земја во март оваа година.