Connect with us

Фудбал

Цела Македонија во исчекување, попладнево ќе се дознае кој ќе биде противникот во баражот за Светско првенство

Македонската фудбалска репрезентација денеска со жрепка во седиштето на ФИФА во Цирих ќе ги добие противниците за потенцијално двата бараж натпревара кои ги делат „црвено – жолтите“ од историски мундијалски пласман и настап на Светското првенство 2022 во Катар.

Македонските фудбалери изборија дебитантски настап во мундијалскиот бараж како второпласирани во квалификациската група Ј и денешната жрепка со почеток од 17 часот ја очекуваат од вториот шешир заедно со репрезентациите на Австрија, Чешка, Полска, Турција и Украина.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во полуфиналниот бараж ќе играат на гостински терен, а можни противници им се репрезентациите на Португалија, Италија, Шкотска, Русија, Велс и Шведска.

Од вкупно 12-те репрезентации ќе бидат формирани три групи со по четири селекции, со два полуфинални и еден финален дуел во секоја од трите групи.

Полуфиналето е на програмата на 24 март идната година, а последните три билети на Мундијалот во Катар од еврозоната ќе бидат поделени по трите финални натпревари, кои ќе се играат на 29 март.

Светското првенство во Катар е на програмата од 21 ноември до 18 декември идната година, а жрепката за групната фаза е закажана за во април.

Реклама

Facebook

Реклама